Домаќинот на Купот на Македонија, ГРК Охрид ги откри цените на билетите за завршницата на ова натпреварувње кое овој викенд ќе се одржи во СЦ „Билјанини Извори“.
Картата за едно полуфинале изнесува 200 денари, додека за двете заедно 300 денари. Финалето пак ќе чини 300 денари. Продажбата ќе започне во средаа на билетарата на СЦ „Билјанини Извори“.
Во првото полуфинале на 31. мај силите ќе ги одмерат бранителот на трофејот, Алкалоид и Вардар 1961, додека во второто полуфинале ќе се сретнат домаќинот, ГРК Охрид и Пелистер.