Екипата на Пелистер активно работи кога станува збор за следната сезона. Актуелниот македонски првак продолжува со потпишување на странски ракометари надевајќи се дека повторно ќе биде дел од Лигата на шампиони, секако доколку прво ја одбрани титулата во домашниот шампионат.
Според неофицијални извор мета на раководство на битолчани е пивотменот на Бенфика, Алекикс Боргес. Пелистер не само што го мерка, туку играчот на португалскиот тим добил има прва понуда. Речиси е сигурно дека Мохамед Шебиб ќе го напушти клубот ова лето.
Останува да видиме дали овие најави ќе се остварат.