Соиграчите и фановите на Динамо со респект се збогуваат од Ристовски кој ќе си бара друг клуб!

774

Како што беше и најавено, иако официјално сеуште нема ништо, Стефан Ристовски заврши со Динамо Загреб. Најголем доказ за тоа се постовите на социјалните мрежи на неговите досегашни соиграчи, како оние на Јосип Мишиќ, па и на фановите на “модрите“ кои со респект се збогуваат со Македонецот.

Познато е дека Ристовски како голем борец, со своите настапи во дресот на хрватскиот гигант просто ги воодушеви сите во клубот, а посебно навивачите. Со тоа тој дојде во групата “сенатори“ во тимот и беше еден од капитените на Динамо Загреб.

Сепак сега е време за нови предизвици,откако му заврши договорот со Динамо тој ќе си бара нова средина. Инаку и Аријан Адеми, вториот наш интернационалец во Динамо ќе си оди од “Максимир“, барем така се шпекулираше изминатите денови.

ФОТО: НК Динамо/ФБ

ПретходноФОТО ВЕСТ: “Фемили“ со порака до ТФТ – Не ви даваме шанса…
СледноНовак откри кога ќе оди во пензија!