Талески повторно во дресот на Вардар (ВИДЕО)

544

Од РК Вардар предмалку објавија дека во екипата се враќа поранешниот член и актуелен репрезентативец на Македонија Филип Талески. Оваа информација и тоа како ќе ги израдува навивачите на Вардар затоа што Талески важеше за еден од нивните омилени играчи во минатото.

Родениот крушевчанец се враќа во Вардар по епизодата во Бенфика каде е од 2023 година.

Претходно од 2014 до 2017 беше дел од тимот на Металург, па замина за Германија, каде што беше дел од Рај Некар и Балинген, по што се врати во Македонија и попиша за Вардар.

Ова е сериозно засилување за „црвено – црните“ за следната сезона, кога очигледно Вардар планира да нападне и титула и куп во домашниот шампионат.

ПретходноМЗТ и ТФТ со втора епизода од финалната серија
СледноМиовски: Повредата е минимална доаѓам подготвен за Белгија и Казахстан