Во моментов во салата “Јане Сандански“ во Скопје се игра вториот меч од финалната серија од плеј – офот во битката за титулата меѓу МЗТ Скопје и ТФТ. На првиот меч победи актуелниот шампион, па така фановите на домашниот тим, групата попозната како „Фемили“ имаше посебна порака до противничката екипа на ТФТ.
„Без изненадување, не ви даваме шанса, монополот на титули е во плава нијанса“ пишуваше на големиот транспарент.
Едноставно фановите на МЗТ не планираат оваа серија да заврши поразлично од минатите сезони.