Хорор на прославата на Ливерпул: Со автомобил се залетал во луѓе кои ја следеле парадата и ги газел! (ВИДЕО)

587

Како да не може во овој свет ни една шампионска парада да мине без проблеми. Имено доцна попладнево на шампионската парада на “Редси“ во Ливерпул, едно лице се залетало во луѓе кои ја следеле парадата и ги газел.

По овој хорор инцидент, возачот на автомобилот било приведено, а има доста повредени.

Инаку веднаш се огласија и властите на В.Британија по овој гнасен чин.

Веднаш на местото на настанот дошле бројни возила на брза помош, како и припадници на полицијата.

Сцените во Ливерпул се ужасни, моите мисли се со повредените и нивните семејства. Сакам да им се заблагодарам на припадниците на полицијата и брзата помош на нивната брза реакција по овој шокантен инцидент“ истакна премиерот на В. Британија, Кир Стармер.

 

ПретходноМЗТ Скопје го “скрши“ ТФТ за водство во финалната серија од 2:0! (ФОТО)
СледноДон Карло го објави списокот на Бразил и направи хаос: На него нема две мега – ѕвезди! (ФОТО)