Анчелоти: Моја задача е да го направам Бразил повторно шампион

295

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти за првпат во јавноста зборуваше за својата нова работа во бразилската репрезентација. Италијанскиот специјалист го презеде националниот тим на Бразил откако го напушти Реал Мадрид пред само два дена.

„Голема чест и гордост е за мене да го водам најдобриот тим во светот. Пред мене е сериозна задача – да работам за повторно да го направам Бразил шампион. Ќе продолжиме напред заедно. Ни требаат сите“, рече Анчелоти во порака на социјалните мрежи.

Бразилската репрезентација е најтрофејната селекција во историјата на Светските првенства со пет шампионски трофеи (1958, 1962, 1970, 1994, 2002).

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Каде е Ибраими таму се титулите
СледноМлад возач во Инди 500, ги “покоси“ членовите на својот тим! (ВИДЕО)