Откако одигра одлична сезона во тимот на Јагелонија, откако се врати во одличната форма која го красеше пред да има здравствени проблеми, македонскиот репрезентативен напаѓач Дарко Чурлинов и официјално не е веќе член на послкиот клуб. Имено познато е дека Македонецот во Јагелонија играше како позајмен фудбалер на Барнли, па откако му заврши позајмицата тој мора прво да се врати во англискиот клуб.
Е, сега, дали во наредната сезона Чурлинов ќе игра за Барнли или ќе замине во некоја друга средина, тоа допрва ќе се знае.
Важно е дека Чурлинов на своите социјални мрежи со пригодни зборови се збогуваше со Јагелонија.