Средниот блокер на македонската одбојкарска репрезентацијата, Филип Маџунков, ја изврши најавената операција на десното колено. Тој мораше да се нафати на ваков зафат за подготвен да го дочека двомечот со грција и Грузија од августовските квалификации за ЕП 2026.
Операцијата која беше направена во Acibadem Sistina Hospital од д-р. Борислав Илиев мина во најдобар ред и сега следи рехабилитација. Маџунков нема да настапи на натпреварите од ЦЕВ Европската Златна лига.