Одлуката за Антонио Конте одложена за неколку дена

347

По се изгледа дека Антонио Конте ќе биде тренер во Наполи. Барем уште неколку дена. Титулата во Неапол пристигна викендот, еуфоријата е далеку од стивната, но она што во моментов е главна тема секако е останувањето или пак заминувањето на Антонио Конте од местото тренер на екипата.

Првичните информации беа дека тој дефинитивно заминува, и дека веќе договорил враќање во Јуве. Од друга страна пак исто така беше лиферувана информацијата дека Масимилиано Алегри доаѓа на негово место за шест милиони евра по сезона.

Ова беше важечко, според „Скај Италија“ се до пред малку кога се појави информацијата за неколкучасовниот состанок одржан во вилата на претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис. Покрај домаќинот, присуствувале Конте, неговата сопруга, и спортскиот директор Џовани Мана. Информациите се дека сите тројца тимски се обидувале да го убедат Конте во останување во Наполи. Одлучено е сепак, на крајот дека во моментов не може да биде донесена одлуката и дека ќе треба да се почека уште неколку дена.

 

ПретходноТалевски пред Косово: Оваа генерација има победнички менталитет
СледноВердер му врачи отказ на Вернер