“Се пијанчев до 6 часот наутро, а вечерта играв во Лигата на Шампионите“!

1053

Весли Снајдер во свое време беше убедливо најдобрата “десетка“ во светот на фудбалот. Легендарниот Холанѓанец кој играше за Реал Мадрид, посебно се промовира себе си во таа 2010 година кога заедно со нашиот Горан Пандев и останатите освои триплета со Интер, а со селекцијата на Холандија беше втор на СП 2010 во Ј. Африка.

Се чини дека токму нему му беше направена најголемата неправда кога таа година не ја доби “Златната топка“.

Сега по цели 15 години од тогаш, вели дека можел да биде како Меси и Роналдо, ама покрај фудбалот го сакал и животот, па и алкохолот…

Да, се случуваше да бидам во посебни друштва, да испијам неколку чаши алкохол и да се вратам дома во 6 часот наутро, а вечерта со Интер да играм натпревар во Лигата на Шампионите. Не можам да кажам дека во тоа време било што лично си кратев од мојот живот. Можев да бидам како Меси и Роналдо кои се големи професионалци, ама го сакав и животот што се вели“ посочи Снајдер.

ПретходноХерера во идеалните единаесет на сезоната во Босна
СледноТалевски пред Косово: Оваа генерација има победнички менталитет