Формула 1 од 2028 година ќе се вози и на Тајланд

32

Тајланд е на прагот да добие трка во Формула 1. Како што пренесува американската мрежа ЕСПН, Тајланд уште во 2028 година може да се најде во календарот на Формула 1 шампионатот.

Организаторите на трката во Тајланд треба да поднесат формална кандидатура за домаќин на Гран при трката во 2028 година, откако тајландскиот премиер Патонгтарн Шинаватра присуствуваше на тркачкиот викенд во Монако за да им го претстави идниот проект за Гран При на официјалните лица на Формула 1. Портпаролот на тајландската влада потврди дека барањето е позитивно примено.

Доколку истото биде одобрено, се очекува Големата награда на Тајланд да се одржи на улична патека во Бангкок.

Тајланд веќе е домаќин на една трка од шампионатот во Мото ГП.

ПретходноТорино се откажа од Елмас: „Биковите“ сметаат дека 17 милиони евра за „дијамантот“ се премногу
СледноТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Вардар)