Себастиан Херера, колумбиецот со македонски пасош, и членот на тимот на Борац Бања Лука е избран во идеалните единаесет на изминатиот шампионат во оваа земја.
Борац одигра историска сезона, имаше одличен евро настап во кој ја мина групата во конференциската лига и играше во елиминациите. Херера имаше секако полна минутажа, по таа негова лева бековска позиција, и заслужено се најде во оваа конкуренција.
Тој и натаму има опција да настапува за Македонија, но засега нема добиено повик.