На стартот на новото издание на легендарниот Гренд Слем турнир Ролан Гарос, во првото коло, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ лесно и убедливо го совлада американецот Мекензи Мекдоналс 3:0 по сетови. Американецот е 98. на АТП ранг листата, а денеска не можеше ништо повеќе од пораз по сетови 6:3, 6:2 и 6:3.
Мечот кој траеше две минути помалку од два часа, мина во доминација на Ноле. Во второто коло, Ѓоковиќ ќе игра против победникот од дуелот помеѓу французите Корентан Мите и Келемон Табур.
Треба да се напомене дека Новак поврза пет победи по ред, ако се земат впредвид победите и триумфот на тунирот во Женева.
ФОТО ROLAN GAROS FACEBOOK