АК Делта победник на Купот на Македонија за сениори

54

Изминатиот викенд на 24 и 25 мај се одржа најголемиот и најзначајниот атлетски натпревар во државата, кој донесе спектакуларни настапи, врвна конкуренција и извонредна борба за бодови во сите дисциплини!

Трета година по ред најдобар клуб на ова натпреварување е Атлетскиот Клуб Делта од Скопје, за кого ова е 5 титула во последните 6 години.

Во продолжение, ги претставуваме најуспешните клубови според официјалниото рангирање:

Мажи – Топ 3 клубови:

АК Делта – 894 бода

АК Куманово – 485 бода

АК 7ми Мај – 351 бода

Жени – Топ 3 клубови:

АК Куманово – 536 бода

АК Дрини Старт – 338 бода

АК 7ми Мај – 309 бода

Севкупен пласман:

АК Делта – 1109 бодови

АК Куманово – 1021 бод

АК 7ми Мај – 660 бодови

ПретходноМанчестер Ј. го известил Ипсвич дека ќе ја активира откупната клаузула за Делап
СледноДали е можно: Роналдо во дресот на Бока Јуниорс на Светското клупско првенство?!