Антони: Во Јунајтед беше толку лошо што не јадев со денови

615

Бразилецот Ентони почна полека да се отвара по повод неговиот престој во Манчестер Јунајтед и колку всушност таму му било лошо. Едно од најскапите засилување на Јунајтед во историјата, напаѓачот кој што чинеше 82 милиони фунти, на Олд Трафорд речиси и да не заигра како што треба и сензационално беше пуштен на позајмица во Бетис минатиот јануари.

Тој пак таму игра како препороден, постигнува голови, асистира, го игра фудбалот на животот.

„Моето доаѓање во Бетис промени многу работи затоа што требаше да се пронајдам себеси, поради сè низ што поминав во мојот личен живот“, изјави Антони за ТНТ Спортс Бразил пред финалето од Конференциската лига против Челзи во среда.

„Како што реков, сакав да правам различни работи, но се чинеше дека не функционираат бидејќи не бев среќен, не чувствував желба да играм фудбал и ми требаше да се пронајдам себеси и повторно да бидам среќен бидејќи фудбалот отсекогаш бил нешто што го сакав“, продолжи тој.

„Поминав низ тешки времиња (во Манчестер Јунајтед) кога повеќе не го чувствував тоа задоволство. Дури му кажав и на брат ми дека не можам да се справам“, коментираше и Бразилецот.

„Мојот брат ми рече да издржам уште малку, дека работите ќе се променат. Тоа дури и ме направи емотивен, бидејќи тоа беа многу тешки денови за мене. Само јас знам какво беше да се биде таму, дома, без сила ниту да си играм со синот, да се поминуваат денови без јадење, да се биде заклучен во собата. Значи, беше многу комплицирано за мене, но фала му на Бога, со помош на моето семејство и најмногу од сè со помош на Бога, успеав да се справам и денес сум многу среќен тука“, додаде Антони.

 

Фото Antony X

ПретходноВердер му врачи отказ на Вернер
СледноГрчката ракометна федерација со соопштение прави притисок на ЕХФ