ЕХФ го допре дното, ја одложи одлуката за Алкалоид и АЕК

9339

Нема конечка одлука од страна на ЕХФ по повод одложениот реванш дуел од финалниот двомеч од Европскиот куп помеѓу екипите на Алкалоид и АЕК од Атина кој што требаше да се одигра во Скопје.

Наместо одлука и доделување на титулата за нашиот Алкалоид, кој што уредно го организираше мечот, излезе на терен, за разлика од противникот, кој под закана од своите навивачи остана во соблекувалната, добивме паушални десетина реда од страна на ЕХФ, дека одлука едноставно нема денеска да биде донесена.

Туку, документите, и фактите, се примени во ЕХФ предадени на надлежните органи на понатамошно разгледување. Тотално погрешен потег, тотално неспортски и тотално допирање на дното на организација позната по вакви сплеткарења.

ЕХФ го допре дното е насловот на овој текст само како показател колку и во спортот некогаш нема правда, колку и да некој ја заслужува.

ЕХФ засрами се….

https://www.eurohandball.com/en/news/en/follow-up-statement-on-the-match-hc-alkaloid-vs-aek-athens/

ПретходноГрчката ракометна федерација со соопштение прави притисок на ЕХФ
СледноФримпонг пристигна во Англија на потпис со Ливерпул (ВИДЕО)