Манчестер Ј. го известил Ипсвич дека ќе ја активира откупната клаузула за Делап

886

Манчестер Јунајтед му соопшти на Ипсвич дека е подготвен да ja плати клаузула за откуп од 30 милиони фунти ако Лиам Делап се согласи да замине на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ изјавија дека се подготвени да ја платат бараната сума, но прво ќе чекаат да се договорат со Делап. 22-годишниот напаѓач засега има дадено начелна согласност за трансфер во Манчестер Ј., но нема преддоговор.

Клубовите се согласија за условите на договорот. Исто така, се разговарало и за деталите од личниот договор со претставниците на фудбалерот.

Минатата сезона Делап постигна 12 гола и имаше 2 асистенции во дресот на Ипсвич кој не успеа да се спаси од испаѓање.

ПретходноТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Вардар)
СледноАК Делта победник на Купот на Македонија за сениори