На брифингот со новинарите првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ се осврна на повеќе теми, јасно е дека имаше што да каже.
Посебно за тоа што ќе се случува во следната сезона која според Омерагиќ би требало ПМФЛ да биде на повисоко ниво:
“Прволигашки натпревари ќе се играат петок, сабота и недела. Ќе има преноси од секој натпревар во ПМФЛ. Засега имаме три стадиони со рефлектори, четвтиот ќе биде оној во Тетово. Веќе промовиравме дека Пума ќе биде тука како спонзор. Одлучено е лигата да биде скратена, секако ќе има и ВАР, очекувам лично следната сезона да биде на повисоко ниво“ потенцираше Омерагиќ.
Тој напомена дека е можно да има промени во однос на правилото за У-21 играч во екипите:
“Се размислува У-21 правилото, односно да мора да има младинец во тимот, да не биде облигаторно, односно клубот да не мора да стартува со младинец во тимот, но за тоа ќе си има таканаречени пенали, односно за тоа ќе се плаќа. Во спротивно тој што има повеќе младинци во тимот ќе може да го користи тој буџет. Сакам да кажам дека се размислува за ова. Исто така се размислива и за тоа да има правило со кое играчите од Балканот да не бидат третирани како странци,по двајца од екипа од различни земји, пример од Србија и БиХ. Ова се две опции за кои размислуваме“ кажа првиот човек на ФФМ.