Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, вечерва и официјално се збогуваше со фановите на Хајдук. По две години минати во Сплит, искусниот напаѓач најави заминување.
„Тоа беа две години кои ми донесоа нови искуства. И покрај се, се чувствувам благодарен. Им благодарам на сите: соиграчите, стручниот штаб и навивачите. Ви благодарам за сета поддршка што ми ја дадовте. Посакував да го завршивме ова поглавје со шампионска титула. Ви посакувам среќа и оваа цел да ја постигнете во иднина!“, напиша Трајковски на социјалните мрежи.
За време напрестојот во Сплит, Трајковски одигра 36 меча за Хајдук (13 беше стартер0 на кои постигна 9 гола.