Јамал и Барселона го продолжија договорот до 2031 година

172
фото: FC Barcelona (X)

Ламин Јамал и Барселона го продолжија договорот за шест години.

Новиот договор на 17-годишниот крилен напаѓач со Барселона е со важност до летото 2031 година.

Јамал ги потпиша документите денес во канцеларијата на клубот во присуство на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јуста и спортскиот директор на клубот, Деко.

Ламин го имаше своето деби за каталонскиот прв тим во 2023 година. На 106 натпревари за Барса, тој постигна 25 гола и имаше 34 асистенции.

ПретходноМаџунков го оперираше коленото, се враќа за евро-квалификациите
СледноЛути на судењето: Бенфика ја избрка репрезентацијата на Португалија од нивниот стадион