Таре преговара со Тиаго Мота и Винченцо Италијано за нов тренер на Милан

152
фото: Matteo Moretto (X)

Новиот директорот на Милан, Игли Таре, го контактирал Тиаго Мота за да разговараат за тренерското место кај „росонерите“. Покрај Мота, Таре исто така побарал средба и со винченцо Италијано.

Според новинарот Даниеле Лонго, новиот спортски директор на „росонерите“, Игли Таре, е во сериозни преговори и со двајцата стратези. Сепак, тој нагласува дека во моментов прв „пик“ на Таре е Винченцо Италијано, кој моментално ја води Болоња.

Милан го освои 8-то место на табелата во Серија А, по што се раздели со Серхио Консеисао.

ПретходноШампионска парада: Фенер го врати пехарот дома, „лудница“ низ улиците на Истанбул (ФОТО+ВИДЕО)
СледноДиректорите на Работнички најавуваат успешно лето: Имаме свој модул на работа, Европа е нашиот следен предизвик