Агим Ибраими, некогашен наш истакнат репрезентативец, некогашен фудбалер на Шкендија кој имаше и тоа каква успешна интернационална кариера, не е веќе спортски директор на Тирана. Имено тој одлучи да си замине од таму со цел да биде што повеќе инволвиран во работата на Фудбалската федерација на Македонија.
Инаку познато е дека тој во првите два месеци беше советник на претседателот Масар Омерагиќ, за да потоа беше насзначен и за член на УО на Фудбалската Федерација на Македонија.
Со овој потег големиот спортсмен, човекот кој во свое време беше еден од најдобрите наши репрезентативци, докажува колку е посветен во рботата на ФФМ со цел своето знаење и искуство да го стави на раполагање на Федерацијата со цел заедно со раководството на ФФМ на чело со претседателот Масар Омерагиќ, придонесе за подигање на квалитетот на мак – фудбалот воопшто.