Андреас Трајковски го освои 7. место во скок во далечина со резултат од 7.70 метри — негов најдобар резултат за оваа сезона!
Настапот го оствари на престижниот митинг „15th Filathlitikos Kallitheas International Jumping Meeting“, кој денес се одржа во Калитеа, предградие на Атина.
Првото место го освои Чесвил Џонсон од Јужноафричка Република со скок од 7.99 метри, втор беше Французинот Џулс Помери со 7.98 метри, а трет Иваи Ефреимов од Израел со скок од 7.92 метри.
Овој митинг е дел од Континенталната серија на Светската Атлетика и носи бронзена етикета.
Следен предизвик за Андреас е веќе во петок, кога повторно ќе настапи во Грција — овој пат во Каламата, на митинг со сребрена етикета.