Апсолутно заслужено: Челзи со пехарот во Лигата на Конференции! (ВИДЕО)

468

Кога во едно финале ќе се победи со 4:1, иако си губел со 0:1, кога во второто полувреме просто ќе го “размонтираш“ својот противник тогаш јасно е дека си заслужил да славиш и да дојдеш до пехарот во Лигата на Конференции. Финалето во Вроцлав беше одлично, да не кажеме спектакуларно, а потоа откако судијата од БиХ, Ирфан Пељто означи крај, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин им го предаде големиот пехар на “сините“ од Лондон кои станаа прва екипа во Европа која во својата историја успеала да биде победник во четири европски натпреварувања и тоа по седми пат.

ФОТО: ФЦ Челзи/Х

Image

ПретходноПоследниот танц на Дибиров: Малото момче кое сонуваше…
СледноОклахома го освои Западот и прва обезбеди финале во НБА плеј-офот