„Бомба“ од Мадрид: Симеоне по секоја цена го сака Лаутаро на “Метрополитано“!

771

Сезонава Атлетико Мадрид заврши на третото место во шпанското првенство и остана без трофеј, сепак успеаја да обезбедат место во Лигата на шампионите, што беше првичната цел за оваа сезона. Сепак, следната сезона “јорганџиите“ планираат напад на титулата во шпанското првенство, а за да го постигне ова, ќе мора да го подобри својот играчки кадар. Се ближи почетокот на летниот преоден рок, кој ќе биде многу интересен, а мадридскиот клуб ќе биде активен на трансфер пазарот.
Шпанските медиуми донесуваат вистинска „бомба“, имено дека Атлетико Мадрид е заинтересиран за Лаутаро Мартинез.
Според овој извор, Лаутаро е голема желба на неговиот сонародник Диего Симеоне и на шефот на мадридскиот клуб.
Симеоне на тој начин би создал вистинска „машинерија“ во нападот кој би изгледал повеќе од моќно. Во него би биле двајца Аргентинци, Лаутаро Мартинез и Хулијан Алварез, и сите знаат за какви играчи станува збор.

ФОТО: ФЦ Интер/ФБ

ПретходноПолувреме: Бетис подобар во Вроцлав, Бетис со водство!
СледноЈунајтед исвиркан по дебаклот во Малезија: Можеби тоа ни треба…