Гасперини ја информирал Аталанта дека си оди, следна дестинација Рома

428
фото: Atalanta B.C. (X)

Џан Пјеро Гасперини и официјално заминува од Аталанта. Тој ќе се повлече од функцијата тренер на тимот, како што неколкупати и најави во текот на минатата сезона.

Новинарот Матео Морето, пишува дека 67-годишниот стратег за својата одлука го информирал и раководството на клубот.

Во моментов Гасперини е во преговори со Рома. Клубот сака да му понуди на тренерот договор на 3 години, а Гасперини наводно се согласил на понудените услови.

Рома сака врз Гасперини да го изгради тимот кој оваа сезона Клаудио Раниери успеа да го донесе кон самиот врв на табелата во Серија А.

ПретходноИндијана дојде на чекор до големото НБА финале (ВИДЕО)
СледноШпанија ослабена на ЕП: Љуљ ја заврши репрезентативната кариера