Заниоло направи нов скандал: Ги тепал младинците на Рома и мокрел во соблекувалната

281

Италијанскиот фудбалер Никола Заниоло, кој помина пет сезони во Рома, а сега е играч на Галатасарај, направил вистински скандал за време на меч на младинците на Рома. Како што пишуваат медиумите во Италија, Заниоло по полуфиналниот натпревар на младинците на Фиорентина и Рома пред два дена, нелегално влегол во соблекувалната на Рома во придружба на соучесник, и видливо пијан почнал да ги тепа младинците на „волчицата“, па дури и почнал да мокри во соблекувалната.

Заниоло физички го удрил Матија Алмавива и насилно го турнал Марко Лити на клупата. Лити неодамна имал операција на рамото. Двајцата играчи барале хоспитализација.

Од Рома го пријавиле инцидентот и во полиција. Заниоло тврди дека на крајот од натпреварот, отишол во соблекувалната за да им честитам на младите фудбалери на Фиорентина, а потоа поминал низ соблекувалната на Рома. Сепак, во еден момент тој вели дека младиците на римскиот клуб почнале да го навредуваат.

Дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација работи на овој случај, и ако се докаже дека обвинувањата на Рома се вистинити, тој се соочува со долга суспензија.

Претходно11 натпревари без загубена топка: По него ќе именуваат нова статистичка категорија!
СледноКазахстан со список од 36 играчи за Македонија, само осум од нив се интернационалци