Индијана дојде на чекор до големото НБА финале (ВИДЕО)

185
фото: Pacers (X)

Индијана поведе со 3-1 против Њујорк во плеј-оф серијата во финалето на Источната конференција. Синоќа Пејсерс славеа со 130-121 на домашен терен.

Најефикасен играч во тимот на Индијана беше Тајрис Халибартон со 32 поени, со 15 асистенции, 12 скока, четири украдени топки и без изгубена топка. Со тоа тој стана првиот кошаркар кој забележал трипл-дабл со најмалку 30 постигнати поени за време на плеј-оф натпревар како играч на Пејсерс.

Паскал Сиакам додаде 30 поени, а Бенедикт Матурин постигна 20 поени.  Најефикасен играч за тимот на Њујорк беше Џејлен Брансон со 31 поен.

Индијана ќе ја има својата прва шанса да обезбеди место во финалето на НБА плеј-офот во четврток вечерта кога петтиот натпревар од серијата се игра во Њујорк.

ПретходноНавивачите на Минесота кон МВП-то на сезоната: Колку им плаќате на судиите? (ВИДЕО)
СледноГасперини ја информирал Аталанта дека си оди, следна дестинација Рома