Интер со жолти дресови ќе игра во финалето во ЛШ! (ВИДЕО)

195

Интер во сабота (31 мај) на “Алијанц Арената“ во Минхен, ќе го одигра својот седми финален меч во својата клупска историја во ЛШ или по старо КЕШ. Досега има освоено три пехари, има три порази во финалињата. Противник ќе му биде составот на ПСЖ кој како што е познато ќе биде провизорен домаќин во ова финале па затоа имаше право да си одбере со каков дрес ќе игра во Минхен.

Тимот од Париз си ја одбра првата гарнитура, онаа со темно сина и црвена пруга на која има и бела нијанса.

Токму затоа Интер не може да игра со своите црно – сини дресови, па се одлучи за третата гарнитура, а таа златно жолта боја на дресовите.

Да видиме дали овие дресови ќе му донесат среќа на италијанскиот гигант од Милано.

ФОТО: ФЦ Интер/Х

ПретходноНеверојатно:Ал Хилал ќе испрати понуда до Осимен вредна 120 милиони евра за три години!
СледноМодриќ пред преселба во тимот што ќе го води синот на Анчелоти?