Ливерпул не запира, по Вирц сега тргнува и по уште една млада ѕвезда!

1231

Се чини дека Ливерпул следната сезона ќе биде уште посилен, и тоа како посилен. Шампионот на Премиерлигата веќе ги заврши преговорите со Флоријан Вирц, кој е најдобриот германски фудбалер и досегашен член на Баер Леверкузен. Прашање на ден е само кога целиот трансфер ќе се официјализира.

Најново е тоа што “Редси“тргнуваат по уште една млада ѕвезда, а тоа е францускиот репрезентативец Уго Екитике, фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт.

Проблем ќе биде само тоа дека раководството на германскиот клуб бара 100 милиони евра отштета.

Ова значи дека ова лето Дарвин Нуњес сигурно ќе си оди од „Енфилд“, а веројатно и Луис Диас.

ФОТО: ФЦ Ливерпул/Х

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ЗЛЗМ И ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ СО ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
СледноНеверојатно:Ал Хилал ќе испрати понуда до Осимен вредна 120 милиони евра за три години!