ЛК финале: Челзи го збриша Бетис и испиша историја!

706

Бетис – Челзи 1:4 е епилогот од вечерашното финале во Лигата на Конференции кое се одигра во Вроцлав. Бетис поведе со голот на Езалзули во првото полувреме, за да Челзи во вториот дел со головите на Фернандес, Џексон, Санчо и Каиседо дојде до заслужена победа. Супер Челзи во второто полувреме беше доволно тимот од Лондон да слави го освојувањето на седмиот европски пехар во сите четири европски натпреварување со што испиша историја.

Челзи е првиот клуб во Европа кој има трофеи во ЛШ, во ЛЕ, во Купот на Куповите и во Лигата на Конференции. Бетис пак е поразен во своето прво европско финале.

Инаку прв се закани Челзи, кога Џексон за малку ќе му ја одземеше топката на голманот на Бетис.

Се играше 9.минута кога топката дојде до Езалзули, а овој во манир на расен стрелец иако нешто одлево сепак шутираше максимално прецизно во спротивниот агол за еуфорија кај фановите на шпанскиот тим. Челзи привидно го имаше поседот, но затоа Бетис од контри и полуконтри беше максимално опасен. Во 13.минута Бартра одлично шутираше, но голманот на “сините“ Јоргенсн успеа да го спаси својот тим.Image

Седум минути подоцна Бетис беше во нова шанса, сега Кардосо шутираше, но топката се одби од еден играч на Челзи и отиде во корнер.

До крајот на првиот дел Бетис креираше уште неколку добри акции, сепак на пауза се замина со тие 1:0 од 9.минута.Image

Уште на почетокот од второто полувреме, во таа 53.минута стрелецот на голот и до тој момент најдобриот на теренот, Езалзули го напушти теренот.

Челзи пак тргна по израмнување, четата на тренерот Мареска видоа дека нема што да чекаат, уште повеќе го зголемија поседот во своја корист.Image

И тогаш во таа 65.минута, Палмер испрати супер центаршут пред голот на Бетис, а таму Фернандес со шут со глава успеа да ја затресе мрежата на шпанскиот тим за 1:1, за голема радост сега на фановите на “сините“. Гол во вистинско време за “сините“ од Лондон. И тоа не беше се. Само пет минути пресврт, Палмер одново центрира пред голот на Бетис, а таму сега беше Џексон за водство на Челзи од 2:1.

Нема што, тимот на Мареска во второто полувреме беше подобар, далеку подобар, додека Бетис тотално падна.

А тоа го искористи Челзи кој во 83.минута со прекрасниот гол на Санчо дојде и до 3:1 и стави точка на победата на Челзи во ова финале. Каиседо за 4:1 стрелаше во судиското продолжение само за уште поубедлива победа.

ФОТО: ФЦ Челзи/Х

ПретходноШест одбрани на Томовски, голема победа за Потсдам против Хановер
СледноПоследниот танц на Дибиров: Малото момче кое сонуваше…