Македонците Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето во ЛШ меѓу Барселона и Магдебург!

1365

Јасно е дека без најдобрите ракометни судии во светот и овој Ф4 во Лигата на Шампионите во Келн не може да помине. Па така, како што веќе објави ЕХФ, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата во полуфиналето во “Ланксес Арената“ меѓу Барселона и Магдебург. Ова е уште еден доказ што значат во светот на ракометот двајцата македонски ракометни судии кои досега во својата кариера суделе финалиња на сите најголеми и најважни ракометни натпреварувања.

Кога сме кај годинашниот Ф4 во Келн, тој ќе се одржи 12-14 јуни. Покрај Барса и Магдебург, втората полуфинална двојка ја сочинуваат Нант и Фуксе Берлин.

ПретходноАгим Ибраими не е веќе директор на Тирана, сега целосно ќе се фокусира на работата во ФФМ!
СледноПобеди за Ивановски и Ѓорческа, пораз за Стоилковска!