Милано останува на клупата на РК Вардар! (ФОТО)

615

Тренерот Гиљермо Милано и следната сезона ќе седи на клупата на Вардар и ќе го предводи тимот. Клубот и Аргентинецот се договорија на нова соработка која треба да донесе и нови радости за најтрофејниот македонски клуб.

Милано дојде во Вардар во ноември 2024 година и оттогаш има биланс од 18 победи, два натпревари завршија со реми 9двата на гостински терен) и само еден пораз, и тоа во 2024 година. Меѓу другото го победи Мелсунген во Скопје во Лига Европа, и триумфираше во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Клубот има шанси да ја освои двојната круна во Македонија. Викендов игра во полуфиналето на Ф4 турнирот во Охрид, а во првенството е на чекор до враќање на титулата. Треба да игра натпревар со Тиквеш во гости, а потоа во последното коло пред домашна публика со Еурофарм Пелистер ќе се решава за шампионската титула.

ПретходноКузмановски во Бутел до 2027! (ФОТО)
СледноСловенија на прво место: Лука ќе игра на Евробаскетот