Милевски: Белгија е во топ 5 светски селекции, но тука сме да дадеме се од себе

498

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, денеска пред новинарите зборуваше за претстојниот двомеч со Белгија и Казахстан во рамките на квалификациите за СП 2026. Милевски претходно го објави списокот и образложи зошто дел од стандардните репрезентативци овој пат ги нема во ростерот.

„Поголемиот дел од списокот е ист. Деспотовски е дебитант, а тука поради повреди нема да бидат Серафимов, Дарко Велковски и Ќамили. Исник Алими е тука, но и тој е повреден. Македонија секогаш кога имала проблеми се издигнувала и одговарала на правилен начин. Белгија е прв противник и тоа е натпреварот кон кој сме насочени. Според мене тие се во Топ 5 селекции во светот. Индивидуално и колективно се одлични. Тоа го покажаа против Украина на последниот меч. Но ние сме тука да дадеме се од себе и да парираме“, вели селекторот Милевски.

За новиот селектор на Белгијците со кои се среќаваме на 6 јуни вели:

„Руди Гарсиа ја водесе Белгија на последните мечеви. Сите информации ни се од тие мечеви. Играчите се тие, добро ни се познати. Нема што многу да се дискутира. Адекватно ќе се подготвиме и да дадеме се од себе. Неблагодарно е да се размислува дали Македонија може да биде прва во оваа група. Mакедонија е тука да даде се од себе, да остане конкурентна. Ќе видиме кога ќе забршиме до каде сме. Ќе мора да бидеме поконкурентни и подобри од минатиот јуни за да можеме да каземе дека сме се подобриле. Елиф соработуваше со Гарсиа во Наполи, но тоа беше сосема друга ситуација со сосема друг тип на играчи. Нормално дека е разговарано со Елиф, секоја информација ни е добредојдена“, вели нашиот селектор.

Милевски е свесен и за проблемите во нашиот ростер.

„Свесни бевме дека имаме проблеми со играчкиот кадар. Се надевам дека нема да има потреба од дополнителни повици“, дополни.

 

 

ПретходноМилевски го објави списокот за Белгија и Казахстан: Деспотовски дебитант, Серафимов отпадна поради повреда
СледноПо 300 и 500 денари: ФФМ попладнево ќе ги пушти во продажба билетите за мечот со Белгија!