Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните два квалификациски натпревари за пласман на СП 2026. Македонија ќе се сретне со Белгија и Казахстан во трката за нови бодови во квалификациите.
Милевски во списокот го стави и дебитантот Стефан Деспотовски од екипата на ОФК Београд, додека од стандардните го нема централниот дефанзивец Никола Серафимов, кој отпадна поради повреда.