Младите со реми без голови на гостувањето кај Косово

429

СпортСпорт во Приштина, Огнен Дојчиновски

Македонската репрезентација до 21. Година предмалку одигра 0:0 на првиот од двата закажани пријателски мечеви со соодветната селекција на Косово. На стадионот Фадиљ Вокри во Приштина, избраниците на селекторот Горан Станиќ одиграа на потребното ниво, во одбраната и средината на теренот, но не и во доменот на нападот, каде што реално не создадовме премногу ситуации. Единствената посериозна ја имавме во средината на второто полувреме кога Трајков од изгледна позиција со глава шутираше млако и над голот.

Се останато што се однесува до опасните ситуации беа за домаќинот, иако и тој не се истакна рпемногу во овој домен.

Сепак, добро е што оваа генерација полека се воигрува, осознава што се замислите и барањата на селекторот Горан Станиќ, и истите ги спроведува на терен. Младите репрезентативци на Македонија очигледно имаат желба и мотивација да се докажат во националниот дрес што е исклучително важно.

Вториот меч против Косово, се игра на наш терен на Комплексот Петар Милошевски в сабота со почеток од 15:00 часот.

Македонија: Василев, Џеков, Ангелов, Зенделовски, Ѓоргиевски, Трајков, Даиловски, Ајетовиќ, Меметриза, Данев, Мелиќи

ПретходноЧетворица уапсени по судирите меѓу навивачите на Бетис и Челзи во Вроцлав (ВИДЕО)
СледноЗа самоволието на АЕК стигна остра осуда и од Хрватска: Крајно време е да се стави крај на ваквите феномени!