Алкалоид без проблем го доби заостанатиот дуел против ГРК Тиквеш на гостински терен. Избраниците на Кирил Лазаров на дело покажаа зошто се фаворити против кавадарчани, славеа со 24-27 (11-17) и ја запишаа четвртата победа во плеј-офот.
Серафимов со шест гола беше лидер кај победникот, зад него со пет погодоци беше Да Силва. Кај поразениот состав Кривокапиќ имаше шест гола.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија дуелот го реши за 15 минути. Беше 11-11 во 18-та минута, од овој момент Тиквеш не успеа да ја погоди мрежата на Алкалоид, кој пак со серија од 8-0 поведе со 11-19 во 33-та. Домаќинот после 15 минути успеа да го најде патот до голот за 12-19.
Мартин Серафимов промаши удар од седум метри при 15-22, по што Алкалоид влезе во серија на грешки, а на другата страна не толку перфектниот ГРК Тиквеш успеа да се снајде и да дојде на19-23. После долго време гостите преку Велковски реализираа за 19-24. Кавадарчани се обидуваа во последните минути со притисок од својата публика да приредат пресврт, на три минути до крајот дојдоа на 23-26, а потоа и на 24-27. Но, ниту имаше време, а ниту пак они сили за било што повеќе.
Најголемата предност која гостинскиот тим ја имаше беше осум гола разлика.
Алкалоид целосно се врти кон Купот на Македонија каде против Вардар ја почнува одбраната на пехарот.