Откако денеска беше извршена ждрепката со кој беа извлечени две од три екипи, кои следната сезона ќе играат во Втората лига, оние “лаки лузери“, сега веќе и официјално се знаат сите 16 тима кои следната сезона ќе играат во второлигашката 2025/26 сезона.
Познато е дека Гостивар и Воска, кои самите си се исфрлија од ПМФЛ, нема да играат во ВМФЛ, познато е дека Македонија ЃП, Арсими и Башкими од ВМФЛ се здобија со право да играат следната година во елитата, а Беса по една година се враќа во второлигашката конкуренција.
Исто така познато е дека Шкендија (А), Слога (В) и Тетекс низ баражите и обезбедија пласман во ВФМЛ, а тоа денеска им се посреќи и на Осогово и Г. Коњари.
Па така ова се сите 16 екипи кои следната 2025/26 сезона ќе играат во ВМФЛ:
Беса, Брегалница, Детонит, Саса, Охрид, Беласица, Кожуф, Скопје, Победа, Новаци, Вардар (Н), Осогово, Г. Коњари, Шкендија (А), Слога (В) и Тетекс.
Уште на крајот да потсетиме дека од сезоната 2026/27 оваа лига ќе брои 14 екипи.