Победи за Ивановски и Ѓорческа, пораз за Стоилковска!

122

Калин Ивановски се пласира во 1/8 финалето на турнирот во Бол (Хрватска), откако денеска го победи со 2:0 во сетови Гуириери од Италија. Македонскиот тенисер доминираше на овој меч ако се знае дека на Италијацот му препушти само два гема.

На турнирот во Куршумлијска бања, Лина Ѓорческа во 1/16 финалето јка победи Жабраилова од Русија со 2:0 (6:4, 6:4) во сетови.

На истоот турнир Магдалена Стоилковска беше поразена во оваа фаза од турнирот од Матула од Грција со 0:2 во сетови.

ПретходноМакедонците Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето во ЛШ меѓу Барселона и Магдебург!
СледноКЛ ФИНАЛЕ: Бетис по прв европски трофеј, Челзи сака „комплет“ евро-пехари