Започна продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари.
Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/).
Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:
1. Посетете ја платформата https://eticket.ffm.mk/
2. Изберете го натпреварот;
3. Одберете седиште;
4. Извршете уплата;
5. Преземете го дигиталниот билет;
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на македонските репрезентативци да дојдат до позитивен резултат против една од најдобрите светски селекции.