По 300 и 500 денари: ФФМ попладнево ќе ги пушти во продажба билетите за мечот со Белгија!

2613

Како што беше кажано на пресот на кој селекторот Благоја Милевски го објави списокот за дуелите со Белгија и Казахстан, Фудбалската федерација на Македонија попладне ќе ги пушти во продажба билетите за средбата со Белгија. Тие ќе чинат по 300 и 500 денари, а деталите во текот на денот ќе бидат познати.

Инаку овој меч се игра на 6 јуни на Национата Арена “Тодор Проески“ со почеток во 20:45 часот.

Македонија пред себе има тежок противник, еден од најсилните во моментов во светот на фудбалот, ама и ние си имаме свои адути и амбици. Веруваме дека фановите ќе ја наполнат Арената и ќе им ја дадат сета поддршка на нашите момци против големиот ривал.

Инаку самат продожба ќе оди преку eticket.ffm.mk

ПретходноМилевски: Белгија е во топ 5 светски селекции, но тука сме да дадеме се од себе
СледноУ-21 селекцијата на Македонија вечерва му гостува на Косово!