Откако синоќа го потпиша новиот договор, сега стана јасно каква ќе биде откупната клаузула на Јамал за неговиот нов договор со Барса. Според информациите од Шпанија истата поставена на сума од 1 милијарда евра.
17-годишниот крилен напаѓач ќе заработува 8 милиони евра нето годишно, со бонуси до 15-20 милиони евра.
„Мундо Депортиво“ објави дека откупната клаузула на Јамал останува на 1 милијарда евра, а платата ќе се зголемува во зависност од неговите настапи. Договорот вклучува и разни бонуси, вклучувајќи награда за освојување на „Златната топка“.
Како што објави „Диарио Спорт“ платата на Јамал ќе биде 8 милиони евра годишно по оданочување. Земајќи ги предвид сите бонуси, крилниот напаѓач ќе може да заработува до 15-20 милиони евра годишно, што ќе го направи најплатен играч во Барселона.