Словенија на прво место: Лука ќе игра на Евробаскетот

267

И додека многу европски кошаркарски ѕвезди од НБА како Никола Јокиќ сè уште не одлучиле дали ќе играат на Евробаскетот, еден од нив ја реши дилемата уште пред таа да биде поставена.

„Лука Дончиќ потврди дека ќе игра за Словенија на претстојниот Евробаскет“, објави претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Словенија, Матеј Ерјавец.

„Имав состанок со генералниот менаџер на Лејкерси, Роб Пелинка, и тој ми рече: „Ќе го земеш Лука и еден тренер и тоа е тоа. Воопшто немаше дискусија за тоа дали ќе учествуваат на Евробаскетот“, рече Ерјавец.

Така, асот на Лејкерси уште еднаш го потврди фактот дека неговата земја и репрезентација секогаш се на прво место. Тој ќе ја предводи Словенија во групата Д, која се игра во Полска, а покрај домаќините, нивни ривали ќе бидат Исланд, Франција, Белгија и Израел.

ПретходноМилано останува на клупата на РК Вардар! (ФОТО)
СледноУ-18: Македонија одигра нерешено со Словенија на гости