Вечерва од 19 часот на стадионот “Фадиљ Вокри“ во Приштина, нашата У-21 селекција игра пријателски меч против соодветната селекција на Косово. Ова ќе биде првата од двете контроли на избраниците на селекторот Горан Станиќ со Косово, втората се игра во сабота на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје.
Ова ќе бидат последни подготовки за нашата млада репрезентација во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП кои започнуваат во септември.
Избраниците на Станиќ заедно со останатиот дел од стручниот штаб веќе неколку дена интензивно се подготвуваат за денешниот и саботиот меч, и се очекува добар настап на У-21 селекцијата на Македонија.
Познато е дека младата репрезентација на Косово и тоа како има свои квалитети и свои амбиции на овие два меча, иако се пријателски, но јасно е дека со вака квалитетни состави може да се види на дело силата на Македонија.
Овие два меча се, како што веќе нагласивме, “генералка“ за тоа што следува од септември па натаму.