Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски и неговиот Потсдам ја запишаа третата победа во Бундес-лигата. Овој пат тие приредија изненадување, на гостински терен кај големиот фаворит Хановер славеа со 26-27 во рамките на 31. коло.
Томовски и овој пат беше на висина на задачата, иако не беше на голот во текот на целиот натпревар запиша шест одбрани.
Потсдам и натаму е последен тим на табелата со 3 победи и 28 порази.