11 натпревари без загубена топка: По него ќе именуваат нова статистичка категорија!

637
фото: Indiana Pacers (X)

Најдобриот кошаркар на финалистот во Источната конференција на НБА лигата, Тајрис Халибартон, синоќа го одигра својот 11-ти натпревар со 15+ асистенции и ниту една загубена топки.

Халибартон е трет во историјата, веднаш зад Џон Стоктон и Крис Пол кој успеал да направи ваква статистика во една сезона. Ако продолжи во ваков ритам, тренерот на Пејсерс, Рик Карлајл вели дека по него ќе треба да се направи и нова статистика.

„Ова стана негова рутина. Во иднина, ќе се појави нова статистичка категорија што може да биде именувана по него. Тој, Крис Пол, има многу малку луѓе како него. Стоктон ретко ја губеше топката. Леброн Џејмс ретко има изгубени топки. Ова е белег на најголемите играчи во историјата. Тајрис е многу горд на оваа особина и црпи мотивација од неа“, заклучи главниот тренер на Пејсерси.

ПретходноСлободата на Јамал вреди 1 милијарда, годишната плата ќе му скокне до 20 милиони евра
СледноЗаниоло направи нов скандал: Ги тепал младинците на Рома и мокрел во соблекувалната