За самоволието на АЕК стигна остра осуда и од Хрватска: Крајно време е да се стави крај на ваквите феномени!

18168

Чекајќи ЕХФ да ги прибере изјавите од двата клуба за реванш финалето меѓу Алкалоид и АЕК во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, на оваа тема се огласија и хрватските медиуми. „Спортске Новости“ излезе со текст по повод ракометните спектакли кои се случија, требаше да се случат и ќе се случат. Искусниот познавач на ракометот, Дражен Пиневиќ испрати силна порака до ЕХФ, дека ние не сме пристрасни во она што го пишуваме и тврдиме, стигна потврда и од Хрватска.

Пиневиќ вели дека ЕХФ треба да стави крај на ваквите сцени алудирајќи на АЕК, кој веќе во европскиот ракомет е познат по изведување на скандали и прекинување на мечеви, поточно на самоволие, за кое до сега никоја од европската „куќа на ракометот“ не превзема мерки.

„Изминатиот викенд во европскиот ракомет донесе допир на спектакл, но и срам за овој спорт што го уништува имиџот на ракометот и крајно време е некој конечно да стави крај на тоа во 21 век.

Додека од една страна имавме спектакл, совршена слика за ракометот, од друга страна спортот доби уште една шлаканица и уште една приказна за тоа зошто не може да се смета за сериозен. Финалето во Скопје, реваншот меѓу Алкалоид и грчкиот АЕК во финалето на Европскиот куп, не се одигра. АЕК не беше задоволен од третманот и не сакаше да излезе на теренот.

Која и да е причината – тоа е неважно, бидејќи таков циркус не е потребен во европскиот ракомет. Во 21 век крајно време е да се стави крај на ваквите феномени. Само неодамна имавме случај во судирот меѓу АЕК и Партизан, кога сите се жалеа на регуларноста, па реваншот не се играше во Белград, туку во Бугарија неколку дена надвор од календарот на ЕХФ. Ваквите работи веќе не се од никаква корист и крајно време е ЕХФ драстично да ги заврши овие приказни. Кого повеќе го интересира зошто нешто што беше планирано поради такви работи не се одигра. Само ЕХФ може и мора да го спречи ова. Бидејќи само кога ќе ги стават двете работи што ги имаа минатиот викенд на „купот“, ќе видат колку е потребно да го заштитат спортот од кој живеат. Таму нема компромис“, се вели во текстот на „Спортске Новости“.

ПретходноМладите со реми без голови на гостувањето кај Косово
СледноПолувреме: Бетис подобар во Вроцлав, Бетис со водство!