Последниот танц на Дибиров: Малото момче кое сонуваше…

1447
Фото: Тимур Дибиров/Инстаграм

Тимур Дибиров го одигра последниот меч во неговата кариера. Легендата на Вардар се збогува од терените како играч на ППД Загреб, кој го победи Нексе со 30-27 и со вкупни 3-0 во финалето од плејофот ја освои шампионската титула во хрватското првенство.

Дибиров се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи им се на сите што го поддржуваа низ годините, секако на прво место е неговото семејство.

„Пријатели, ова беше последен натпревар во мојата кариера, на малото момче кое сонуваше да игра ракомет со своите другари и ништо повеќе од тоа. Благодарност до моето семејство, сопругата, децата, родителите… кои ме поддржуваа, моите клубови, репрезентацијат и соиграчите, тие се најдобри на светот. Ќе ми недостасуваш, ракомету“, напиша Дибиров. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31)

ПретходноЛК финале: Челзи го збриша Бетис и испиша историја!
СледноАпсолутно заслужено: Челзи со пехарот во Лигата на Конференции! (ВИДЕО)