Адем и следната сезона останува во дресот на Работнички

154
фото: ФК Работнички (Facebook)

Искусниот 34-годишен дефанзивец на Работнички, Ермедин Адем и следната сезона ќе го носи дресот на „романтичарите“. Како што објавија од клубот од Дебар Маало, денеска со Адем е потпишан договор за наредната сезона.

Адем е дел од Работнички во последните две сезони, откако во 2023 година им пристапи на „романтичарите“ од екипата на Воска Спорт. Минатата сезона одигра 23 меча за тимот на Станиќ реализирајќи и една асистенција.

ПретходноГоведарица е ново засилување за Силекс
СледноДенот кога Панчев и Најдовски станаа европски шампиони (ВИДЕО)